2024
Ноември
30 дена

Д

Н С
Студен
Типик
П 1 19 Св. пророк Јоил; Св. мч. Вар; ✞ Преп. Прохор Пчински; Пренос на моштите на Св. Јован Рилски ⬤ Масло
С 2 20 Св. великомч. Артемиј; Св. праведен Артемиј; Преп. Герасим Нови; Преп. мч. Игнатиј (Задушница) Не се пости
Н 3 21 19 седмица по Педесетница
Преп. Иларион Велики; Св. Иларион Мегленски; Преп. Филотеј
Не се пости
П 4 22 Св. Аверкиј Рамноапостолен; Преп. Лот; Спомен на чудотворното избавување на Москва од Литванците со помош на Пресвета Богородица Не се пости
В 5 23 Св. ап. Јаков, брат Господов; Св. Игнатиј, патријарх Цариградски; Св. мч. Јаков Боровицки Не се пости
С 6 24 Св. мч. Арета; Св. Елезвој, цар Етиопски; Празник на иконата на Божјата Мајка „Радост на сите тажни“; Преп. Арета Печерски Строг пост
Ч 7 25 Св-те мч-ци Маркијан и Мартириј; Св. мч. Анастасиј; Света Тавита Не се пости
П 8 26 Св. великомч. Димитриј; Преп. мч. Јоасаф; Спомен на големиот земјотрес Риба
С 9 27 ✞ Светиот маченик Нестор; Преп. Нестор Летописец; Св. Андреј, кнез смоленски ◐ Не се пости
Н 10 28 20 седмица по Педесетница
Св-та мч-ка Параскева (Петка); Св. мч. Теренциј; Св. Стефан Саваит; Св. Атанасиј, патријарх Цариградски
Не се пости
П 11 29 Преп-ната мч-ка Анастасија Римјанка; Преп. Аврамиј Затворник и неговата внука Марија; Преп. мч. Тимотеј Есфигменски Не се пости
В 12 30 Св. свештмч. Зиновиј и сестра му Зиновија; Светите апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем Не се пости
С 13 31 Св-те ап-ли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Св. мч. Никола Хиоски; Преп-ните Спиридон и Никодим Строг пост
Ч 14 1 ✞ Св-те Козма и Дамјан; Св. мч. принцот Ерминигелд; Преп. мч. Јаков со учениците Јаков и Дионисиј Не се пости
П 15 2 Св-те мч-ци Акиндин, Пигасиј, Анемподист, Автониј, Елпидифор и другите со нив; Преп. Маркијан Кирски; Св. свештмч. Викторин, епископ Патавски ⵔ Строг пост
С 16 3 Св. свештмч. Акепсим, епископ Наесонски; ✞ Св. вмч. Георгиј – Ѓурѓиц; Преп. Илија Египетски Не се пости
Н 17 4 21 седмица по Педесетница
Преп. Јоаникиј Велики; Св. свештмч. Никандар, епископ Мирски и Ермеј презвитерот
Не се пости
П 18 5 Преп-ните мч-ци Галактион и Епистима; Св-те ап-ли Патров, Ерма, Лин, Гај и Филолог; Св. Јона, архиепископ Новгородски Не се пости
В 19 6 Св. Павле Исповедник, патријарх Цариградски; Преп. Варлам Хутински Не се пости
С 20 7 Св. мч. Јерон со дружината; Св-та мч-ка Тесалоникија, со Авкт и Таврион; Преп. Лазар Галасиски Строг пост
Ч 21 8 Св. Архистратиг Михаил и останатите Сили небесни и бестелесни; Св. Ангел Лерински Не се пости
П 22 9 ✞ Преп-на Матрона Цариградска; ✞  Празник на иконата на Пресвета Богородица „Брзопослушничка“ Строг пост
С 23 10 Св-те ап-ли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Св. мч. Орест; Св. Нон, епископ Илиополски ◑ Не се пости
Н 24 11 22 седмица по Педесетница
Св. великомч. Мина; Св. мч. Стефан Дечански, крал српски; Св-те мч-ци Виктор и Стефанида; Св. мч. Викентиј ѓакон; Преп. Теодор Студит
Не се пости
П 25 12 Св. Јован Милостив; Св. пророк Ахија; Преп. Нил Синајски; Преп. Нил Мироточив Не се пости
В 26 13 ✞ Св. Јован Златоуст; Св-те мч-ци Антонин, Никифор, Герман и Манета; Преп. мч. Дамаскин Не се пости
С 27 14 Св. ап. Филип; Св. Григориј Палама, архиепископ Солунски; Св. цар Јустинијан Риба
Ч 28 15 Божикен пост; Празник на иконата на Пресвета Богородица Купјатицка; Преп. Паисиј Величковски Масло
П 29 16 ✞ Светиот апостол и евангелист Матеј Масло
С 30 17 Св. Григориј Чудотворец, епископ Неокесариски; Преп. Никон Радоњежски; Преп. Генадиј Ватопедски Риба

КАКО СЕ ПОСТИ:

Строг пост – воздржување од јадење не само на месо и храна од животинско потекло, туку и на употребата на масло во приготвувањето на храната. Кога е строг пост не се конзумира алкохол.
Пост на масло – воздржување од јадење месо и сите други видови храна од животинско потекло: млеко, млечни производи, јајца. Дозволува се употреба на растително масло во храната, како и умереното конзумирање на вино и друг вид алкохол.
Пост на риба – тоа е пост на масло, но се јаде и риба.
Без месо – воздржување од јадење месо (ова се случува само во месопусната седмица, пред почетокот на Великиот пост).

МЕСЕЧЕВИ МЕНИ:

Ноември 2024
⬤ Млада месечина 01.11 во 13:47ч.
◐ Прва четвртина  09.11 во 06:55ч.
ⵔ Полна месечина  15.11 во 22:28ч.
◑ Последна четвртина  23.11 во 02:27ч.

* Сите часови се по средноевропско време, со почитување на летното штедење во периодот Март – Октомври.

Овој сајт е наменет за сите православни верници и почитувачи на Македонската православна црква.