2024
Jануари
31 ден

Д

Н С
Коложег
Типик
П 1 19 Св. мч. Бонифациј; Св. Бонифатиј Милостив, епископ Ферентиски Строг
пост
В 2 20 Св. свештмч. Игнатиј Богоносец; Св. Данило, архиепископ Српски (Претпраз. на Божик) Масло
С 3 21 Св. мч-чка Јулијанија и шестотини и триесетте маченици со неа; Св. Петар Чудотворец, митрополит Руски Строг
пост
Ч 4 22 Св. великомаченичка Анастасија Одврзителка и другите со неа; Преп. Никифор Лепрозен ◑ Масло
П 5 23 Свети Наум Охридски; Свети Нифонт Чудотворец Строг
пост
С 6 24 Преп. маченичка Евгенија и другите со неа; Преп. Никола војвода (Бадник) Масло
Н 7 25 Недела на Светите Богоотци
Рождество Христово – Божиќ
Не се пости
П 8 26 Собор на Пресвета Богородица; Преп. Никодим Прилепски-Тисмански Не се пости
В 9 27 Св. првомаченик и архиѓакон Стефан Не се пости
С 10 28 Св. 20 000 никомидиски маченици; Преп. Симеон Мироточив; Св. мч-ца Домна Не се пости
Ч 11 29 Св. 14 000 младенци маченици во Витлеем; Преп. Маркел ⬤ Не се пости
П 12 30 ✞ Преп. Гаврил Велички; Св. мч-чка Анисија; Св. ап. Тимон Не се пости
С 13 31 Преп-на Меланија Римјанка; Блажениот Теофилакт Охридски (Оддание на Божик) Не се пости
Н 14 1 Недела пред Богојавление
Обрезание Господово; Св. Василиј Велики; Православна Нова Година
Не се пости
П 15 2 Св. Силвестер, eпископ Римски; Преп. Серафим Саровски Не се пости
В 16 3 Св. пророк Малахија; Св. мч. Гордиј; Света Геновева Не се пости
С 17 4 Собор на Светите 70 aпостоли; Преп. мч. Онуфриј Хилендарец Не се пости
Ч 18 5 Водокрст; Преп-на мајка Синклитикија; Св. свештмч. Теопемт и мч. Теона ◐ Масло
П 19 6 Богојавление – Водици – Крштевање на Господа Иисуса Христа Не се пости
С 20 7 Собор на св. Јован Предвесник и Крстител; Св. мч. Атанасиј Не се пости
Н 21 8 Недела по Богојавление
Св. Григориј, епископ Охридски; Св. Домника
Не се пости
П 22 9 Св. мч. Полиевкт; Преп. Евстратиј Не се пости
В 23 10 Св. Григориј, епископ Ниски; Св. Маркијан; Св. Теофан Затворник Не се пости
С 24 11 Преп. Теодосиј Велики; + Преп. Јоаникиј Ракотински; Блажениот Михаил Масло
Ч 25 12 Св. мч-ка Татијана; Празник на иконата „Млекопитателница“; Преп-на мајка Теодора ⵔ Не се пости
П 26 13 Св. мч-ци Ермил и Стратоник; Св. Јаков Нисибиски; Преп. Максим Капсокаливит Строг
пост
С 27 14 ✞ Свети Сава, архиепископ Српски; Света Нина (Оддание на Богоjав.) Не се пости
Н 28 15 34 седмица по Педесетница
Преподобен Гаврил Лесновски; Преп. Прохор Пчински
Не се пости
П 29 16 ✞ Поклонение на чесните вериги на апостол Петар; Преп. мч. Дамаскин Габровски Не се пости
В 30 17 Преподобен Антониј Велики; Св. мч. Георгиј Нов Јанински Не се пости
С 31 18 ✞ Св. Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски; + Св. Кирил Александриски Масло

КАКО СЕ ПОСТИ:

Строг пост – воздржување од јадење не само на месо и храна од животинско потекло, туку и на употребата на масло во приготвувањето на храната. Кога е строг пост не се конзумира алкохол.
Пост на масло – воздржување од јадење месо и сите други видови храна од животинско потекло: млеко, млечни производи, јајца. Дозволува се употреба на растително масло во храната, како и умереното конзумирање на вино и друг вид алкохол.
Пост на риба – тоа е пост на масло, но се јаде и риба.
Без месо – воздржување од јадење месо (ова се случува само во месопусната седмица, пред почетокот на Великиот пост).

МЕСЕЧЕВИ МЕНИ:

Јануари 2024
◑ Последна четвртина  04.01 во 04:30ч.
⬤ Млада месечина 11.01 во 12:57ч.
◐ Прва четвртина  18.01 во 04:52ч.
ⵔ Полна месечина  25.01 во 18:54ч.

* Сите часови се по средноевропско време, со почитување на летното штедење во периодот Март – Октомври.

Овој сајт е наменет за сите православни верници и почитувачи на Македонската православна црква.