2025
Април
30 дена

Д

Н С
Тревен
Типик
В 1 19 Светите маченици Хрисант и Дарија и другите со нив; Св. мч. Панхариј Строг
пост
С 2 20 Преподобниот маченик Јован и другите со него; Светата маченичка Фотина (Прво бдение) Строг
пост
Ч 3 21 Св. Јаков, епископ и Исповедник; Преп. Кирил, епископ Катански во Сицилија; Св. Тома Цариградски; Преп. Серапион Строг
пост
П 4 22 Св. свештеномаченик Василиј; Света Дросида; Преподобниот маченик Ефтимиј (Второ бдение) Строг
пост
С 5 23 Св. свештмч. Никон; Преп. Никон Печерски; Св. преподобномаченик Лука; Светите маченици Филит и Лидија ◐ Масло
Н 6 24 Недела на св. Марија Египетска
Св. Артемон, епископ Селевкиски; Преп. Јаков Исповедник; Спомен на чудото во Печерскиот манастир; Преп. Захарија
Масло
П 7 25 Благовештение; Св. мч-ки Пелагија, Теодосија и Дула; Преп. Сава Нов Атински Риба
В 8 26 ✞ Светиот Архангел Гавриил; Св. свештмч. Иринеј, епископ Сремски; Преп. Малх; Преп. Василиј Нови Масло
С 9 27 Светата маченичка Матрона; Св. Лидија Македонска; Светите Пречистантски преподобномаченици Строг
пост
Ч 10 28 Преп. мч. Евстратиј Печерски; Преп. Иларион Нови; Преп. Исихиј Ерусалимски Строг
пост
П 11 29 Свети Марко Исповедник, епископ Аретусиски (во Сирија); Преп. Јован Пустиник Строг
пост
С 12 30 Лазарова сабота; Преп. Јован Лествичник; Спомен на монахот којшто радосно умре зашто никогаш во животот не осуди никого Масло
Н 13 31 Цветници
Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим – Цветници; Св. свештмч. Ипатиј, епископ Гангрски; Св. Јона, митрополит Московски; Св. свештмч. Авда; Преп. Аполониј
Риба
П 14 1 Света Марија Египетска; Св. Мелитон, епископ Сардиски; Преп. Прокопиј Чех Строг
пост
В 15 2 Преподобен Тит Чудотворец; Светите маченици Амфијан и Едесија Строг
пост
С 16 3 Свети Никита Исповедник; Св. Павле Неволник; Светиот маченик Улпијан Строг
пост
Ч 17 4 Велик четврток; Преподобниот маченик Никита; Преп. Јосиф Песнописец; Преподобен Зосим Масло
П 18 5 Велик петок; Светите маченици Агатопод и Теодул; Преп. Марко Трачески; Преподобна Теодора Солунска
С 19 6 Велика Сабота; ✞ Упокоение на Свети Методиј Солунски; Преп. Григориј Синаит Строг
пост
Н 20 7 Светла Седмица
Воскресение Христово; Свети Георгиј Исповедник; Преп. Нил Сорски; Св. мч. Калиопиј; Преп. Данило Перејаславски
Не се пости
П 21 8 Воскресение Христово (втор ден); Св. ап. Иродион, Руф, Асинкрит, Флегонт и Ермиј; Св. Нифонт, епископ Новгородски; Св. Келестин, папа Римски ◑ Не се пости
В 22 9 Воскресение Христово (трет ден); Светиот маченик Евпсихиј; Преподобниот маченик Вадим Не се пости
С 23 10 Светите мч-ци Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и останатите триесет и шестмина со нив Не се пости
Ч 24 11 Св. свештмч. Антипа епископ Пергамски во Азија; Светите мч-ци Прокес и Мартинијан Не се пости
П 25 12 Источен петок – Балаклија; Свети Василиј Исповедник; Преподобен Акакиј; Преподобна Атанасија Не се пости
С 26 13 Светиот свештеномаченик Артемон; Св. мч. Крискент; Светата маченичка Томаида Не се пости
Н 27 14 Недела на св. ап. Тома
Св. Мартин Исповедник папа Римски; Св. мч. Ардалион Глумец
Не се пости
П 28 15 Св. мч. Сава Готски Не се пости
В 29 16 Светите маченички Агапија, Хионија и Ирина Не се пости
С 30 17 ✞ Свети свештеномаченик Кипријан Слепченски; Преподобните Саватиј и Зосим; Масло

КАКО СЕ ПОСТИ:

Строг пост – воздржување од јадење не само на месо и храна од животинско потекло, туку и на употребата на масло во приготвувањето на храната. Кога е строг пост не се конзумира алкохол.
Пост на масло – воздржување од јадење месо и сите други видови храна од животинско потекло: млеко, млечни производи, јајца. Дозволува се употреба на растително масло во храната, како и умереното конзумирање на вино и друг вид алкохол.
Пост на риба – тоа е пост на масло, но се јаде и риба.
Без месо – воздржување од јадење месо (ова се случува само во месопусната седмица, пред почетокот на Великиот пост).

МЕСЕЧЕВИ МЕНИ:

Април 2025
◐ Прва четвртина  05.04 во 04:14ч.
ⵔ Полна месечина  13.04 во 02:22ч.
◑ Последна четвртина 21.04 во 03:35ч.
⬤ Млада месечина 27.04 во 21:31ч.

* Сите часови се по средноевропско време, со почитување на летното штедење во периодот Март – Октомври.

Овој сајт е наменет за сите православни верници и почитувачи на Македонската православна црква.